ППД Загреб има нов предводник: Игор Вори го наследи Веселин Вујовиќ

По завршувањето на својата играчка кариера и ја презмањето на функција во националниот тим на Хрватска, Игор Вори ја започнува и својата тренерска кариера, откако денеска седна на клупата на ППД Загреб.

Со изненадното заминување на Веселин Вујовиќ од тимот на загрепчани, повеќе од е3дна недела се шпекулираше околу неговиот налседник, а меѓу нив се споменуваше и поранешниот македонски селектор - Ивица Обрван.

Сепак, одлуката паднала на Вори, кој нема тренерско искуство, но сака да се обиде во оваа улога. Обрван исто така ја истакна својата желба, имал разговор со Божидар Јовиќ и Јосип Валчиќ, но клубот сепак решил за пикерот кој ја заврши кариерата во овој тим.

Вори на тој начин ќе ги започне подготовките со тимот за новата сезона, сезона која ќе биде многу поразлична од другите поради густиот распоред предизвикан портади пандемијата на коронавирус.