Поранешен вардарец ја батали Хрватска - ќе играл за Романија!

Поранешниот ракометар на македонскиот шампион Вардар, Анте Кудуз реши да ја батали хрватската ракометна репрезентација и во иднина ќе настапува за Романија.

Кудуз дебитираше за Хрватска во 2019 година против Белгија во квалификациите за Европското првенство. Сепак да добие нов повик не му помогна ниту тоа што беше најдобар стрелец во шампионатот во Романија, па реши да си ја промени репрезентацијата.

„Најголема желба ми беше да играм за Хрватска на големите натпреварувања. Од една страна ми е жал затоа што тоа остана неисполнета желба, но ја почитувам одлуката на селекторот. Сепак, во овие три години сигурно постоеше можност за да добијам нова шанса“, кажа Кудуз.