Навивачка на Веспрем ги истетовирала потписот и бројот на Манасков! (ФОТО)

Колку многу се сака и почитува ракометот во Унгарија, а особено во малото гратче Веспрем, докажува гестот на една навивачка на овој клуб, за кој настапува и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Беата Молнар е навивачка, која на својот профил на Инстаграм денеска објави фотографија од тетоважа со логото на Веспрем, а над него број два и еден потпис. Тоа е вешт обид за копирање на ракописот на Дејан Манасков, а бројот два е бројот на неговиот дрес.

Манасков го видел овој гест, ѝ се заблагодарил на навивачката и самиот воодушевен го споделил на својот Инстаграм.

Македонското лево крило дојде во Веспрем во сезоната 2017/18 и сега уште пред да почне пролетта, предвремено ја комплетира третата сезона. Има договор до јуни 2022 година, а во декември повторно ќе има обид да ја освои титулата во ЛШ, на одложениот Ф4-турнир во Келн.