Мечот Вардар - Пекинг од СЕХА лигата го гледале 700.000 луѓе!

Европскиот шампион Вардар сезонава ја почна на најдобар можен начин во Лигата на шампиони, кадешто запиша три победи по три кола, додека во СЕХА-лигата има три победи и еден пораз, а натпреварот против Пекинг е за паметење поради бројот на гледачи, кои што го следеле дуелот на ТВ екраните.

Директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ за хрватските медиуми откри дека мечот меѓу Вардар и Пекинг го следеле неверојатни 700.000 навивачи.

„Сакам да кажам дека регионалната СЕХА-лига нема алтернатива на овој наш простор, кој го проширивме сезонава. А тоа ни донесе неверојатна статистика. Првиот меч на кинескиот клуб во нашата лига против Вардар пред ТВ екраните го следеа дури 700.000 луѓе, што за нас досега беше незамисливо“, открива Остојиќ.

Да потсетиме, „црвено-црните“ го прегазија Пекинг во првото коло од СЕХА-лигата со 37-23.