Манасков со десет гола го предводеше Веспрем до триумф во СЕХА

Македонскиот репрезентативец Дејан манасков одигра фантастичен меч во СЕХА-лигата, откако постигна десет гола во победата на Веспрем од 37-32 против Спартак Москва.

Манасков беше најдобар стрелец на унгарската екипа, па тоа беше доволно за петта победа за Веспрем сезонава во СЕХА.

Веспрем има 15 бодови во групата Б, а зад нив е ППД Загреб со девет по четири одиграни меча.