Лудница во финалето на ракометниот Куп на Србија: Сензација на Партизан по хаосот на трибините (ВИДЕО)

Невидена драма се случи вечерва, во финалето од ракометниот Куп на Србија, во мечот меѓу Војводина и Партизан во Нови Сад.

Домашниот тим влезе како огромен фаворит за трофејот и за продолжување на доминацијата во српскиот ракомет, долго време ја оправдуваше својата улога, но на крајот загуби на пенали со 28-29. Новосаѓани толку беа сигурни што на банерот кој стои под сводовите на салата во која настапува, пред финалето веќе беше впишан трофејот во Купот за сезоната 2023/24.

Финалето кое траеше три часа го одбележаа неколку моменти. Прво, хаосот и тепачката меѓу навивачите на Војводина и полицијата во 53. минута поради што мечот беше прекинат на половина час. На тоа му претходеше фрлање факели од двете навивачки групи, полицијата се обиде да воспостави ред, но наиде на отпор од домашните фанови по што дојде до близок контакт меѓу нив.

Вториот момент беше водството од седум разлика на Војводина (13-6) пред крајот на првото полувреме по што се чинеше дека се е решено и дека трофејот ќе остане во Нови Сад. Партизан, сепак, во второто полувреме се врати во игра и се избори за продолжение, а Војводина доби уште една шанса, во последните секунди да дојде до победа. При резултат 24-24, домаќините добија пенал и можност да слават на овој меч, Воркапиќ шутираше, но голманот на Партизан, Немања Марјановиќ го одбрани неговиот удар и го однесе натпреварот во пенал-серија која одлучувашњ за победникот. Во неа, трагичар беше белорускиот интернационалец Борис Пуховски и Партизан се израдува на првиот трофеј по пауза од 13 години.