Комити за Гоце Делчев: Стани Македонче, акција за Даскалот! (ФОТО)

Натпреварот меѓу Вардар и Партизан потсети на едни времиња, кога беше привилегија да се следи спектаклот во „Јане Сандански“, овој пат можеби не се полна сала, но до атмосфера и емоција за која се заслужни Комити.

Најавија дека ќе дојдат во голем број и - испорачаат. Патем, не пропуштија оваа платформа да ја искористат да се обратат за кауза која е поголема и од спортот. Повикаа мобилизација на 4 февруари, по повод роденденот на Гоце Делчев.

„Стани Македонче, време е за акција, за Даскалот кој ја обедини целата нација".

Нивната неорестана песна се вклопи и со солидната претстава на ракометарите, кои по едно полувреме водат со 16-14 против Партизан.