Кој друг ако не мајсторот за „фелш“ удари - Тимур Дибиров! (ВИДЕО)

СЕХА-лигата е во прекин како и целиот ракомет и спорт воопшто, па медиа тимот на регионалното натпреварување реши да ја почести јавноста со најдобрите „фелш“ удари изминатите сезони. 

Кога ќе се спомене „фелш“ на секој љубител на ракометот веднаш му асоцира на Тимур Дибиров. Ракометарот на Вардар го има двата пати на оваа топ-листа на најдобро изведени „фелш“ удари.