Играше за Македонија, а сега е избран за ракометар на годината во Црна Гора!

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марко Симовиќ, денеска беше прогласен за најдобар ракометар за 2022 година во Црна Гора.

Тој настапува за црногорскиот шампион Будванска ривијера, а жолто-црвениот дрес го носеше пред 15-тина години, кога како играч на Вардар беше дел од македонскиот младински тим што настапи на СП 2007 на кое нашите таленти завршија на десеттата позиција. Награда доби и поранешната вардарка, Јованка Радичевиќ, која беше избрана за најдобра интернационалка во годината што изминува.

Милош Вујовиќ, кој пред извесно време имаше краток ангажман во Пелистер, беше избран за најдобар ракометар во странство. Ракометарката на Будуќност, пак, Матеа Плетикосиќ е избрана за најдобра ракометарка во првенството на Црна Гора.