Херона пред отказ, се знае неговиот наследник!?

Иако на Европското првенство замина со високи амбиции, српската ракометна репрезентација испадна уште во првата фаза од шампионатот.

Одговорноста за тоа, по се изгледа, ќе падне врз селекторот Тони Херона кој ја загуби довербата кај ракометните власти, но и кај ракометната јавност кај нашиот северен сосед. Од тие причини, сериозно се размислува за раскин на соработката со него и тоа во моментов иако договорот меѓу двете страни важи до јуни годинава.

Српските медиуми тврдат дека одлуката за отказ на Херона е донесена уште пред почетокот на првенството и со неа биле запознати дел од ракометарите. 

Најсериозен кандидат за негов наследник е поранешниот српски репрезентативец Даниел Анѓелковиќ кој во моментов е тренер на Тулуз.