Двајца ракометари на Вардар и еден на Пелистер избрани во тимот на годината во СЕХА

СЕХА-лигата го објави тимот на годината, а во него се најдоа двајца ракометари на македонскиот шампион Вардар, како и еден играч на вицепрвакот Пелистер.

Од редовите на „црвено-црните“ во идеалниот тим беа избрани Филип Талески и Стојанче Стоилов, додека од Пелистер беше избран Мирко Радовиќ.

Во идеалниот тим имаше место и за поранешниот вардарец, Тимур Дибиров кој сега го носи дресот на ППД Загреб.