Бутел го освои меморијалниот турнир „Денис Тот“

Ракометниот суперлигаш Бутел го освои меморијалниот турнир во чест на прерано починатиот хрватски ракометар Денис Тот.

Бутел во Ѓаково славеше против хрватски Осиек со 25-23 во финалето, а ракометарите го посветија пехарот на нивниот поранешен соиграч.

„Пехарот што го освоивме во неговиот роден град, му го посветуваме токму него - на нашиот Денис Тот“, велат од Бутел.