
Барса раскинува со Циндриќ - повеќе бил на собен велосипед отколку на паркет!
Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона на лето ќе се раздели со Лука Циндриќ, причина се неговите чести повреди. Особено оваа сезона во која пропушти голем дел од натпреварите.
Спортскиот директор на Барса, Давид Баруфет во една прилика рече дека Циндриќ повеќе време поминува на собен велосипед отколку на паркет. Алудирајќи на тоа дека Хрватот постојано е повреден и во процес на рехабилитација.
Циндриќ во Барса пристигна од Кјелце во 2019 година. Со каталонскиот клуб двапати ја освои Лигата на шампионите.
Актуелниот договор на Циндриќ со Барселона трае до 2025 година, па сигурно ќе добие и добро обесштетување за раскин на договорот.