Спортскиот директор на Вардар повеќе не е селектор на Русија!

Спортскиот директор на актуелниот европски шампион Вардар, Едуард Кокшаров, си замина од селекторската позиција на руската ракометна репрезентација по дебаклот на Европското првенство. 

„Зборнајата“ забележа три порази во рамки на групата Е од Унгарија, Исланд и Данска. Челниците на ракометната федерација веднаш побараа одговорност од Кокшаров, кој одговори со оставка.

„Не можам да останам на кормилото на Русија, бидејќи не ја остварив примарната цел иако имав голема желба. Му посакувам големи победи на тимот во иднина и сигурен сум дека ќе дојдат. Благодарам на федерацијата за укажаната доверба и за тоа што ми ги дадоа сите услови за добра работа“, изјави Кокшаров.

Русија сакаше да ја мине групната фаза и пласман во главната рунда, преку која бараше олимписки квалификации. Откако тоа не се случи, јасно беше дека Кокшаров ќе мора да си замине.