Ериксен не планира да застане: Ова е поинаку од 2021 година
Данскиот репрезентативец (34) се онесвести во 65. минута од натпреварот во Одензе, втор ваков инцидент во неговата кариера откако доживеа срцев удар на Евро 2021. Натпреварот беше прекинат при водство Данска со 2-1, а подоцна судијата означи дефинитивен крај и покрај тоа што Ериксен се освести и сам го напушти теренот. Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Брентфорд и Спарс веднаш беше однесен во болница.
Данскиот фудбалер денеска се огласи на својот Инстаграм профил, потврдувајќи дека е отпуштен од болницата. Тој објасни дека инцидентот е различен од оној во 2021 година и дека е предизвикан од „шок“ од неговиот имплантиран пејсмејкер.
„Сакам сите да знаат дека сум добро и дека сум дома со моето семејство. Како што можете да претпоставите, шокот што го добив од мојот пејсмејкер кој имаше длабоко влијание врз мене и моето семејство, но сакам да им кажам на сите дека ова е поинаква ситуација од онаа во 2021 година.
Се чувствувам добро и моето закрепнување веќе започна. Покрај тоа што сум благодарен за поддршката и помошта на сите играчи и медицинскиот тим на теренот, исто така сум неверојатно благодарен на лекарите кои се грижеа за мене и моето срце со години. Благодарение на нивната експертиза, мојот пејсмејкер направи точно она за што беше дизајниран: ме заштити кога беше потребно.
Засега сум фокусиран на закрепнување, поминување време со моето семејство, одење на одмор и играње фудбал со моите деца“, напиша данскиот фудбалер.
Од ова може да се заклучи дека тој не планира да ја заврши кариерата и покрај проблемите кои се ризични и за неговиот жиивот.