Добри вести за Нејмар пред Светското првенство!

Бразилската фудбалска федерација излезе со вести за состојбата на Нејмар пред Мундијалот и ги израдува фановите на оваа земја и на нивната најголема ѕвезда.

Последните тестови велат дека Нејмар има добар прогрес во рехабилитацијата за повредата и наскоро ќе се врати на теренот.

„Нејмар беше подложен на магнетна резонанца и тестовите покажаа добра еволуција во неговиот третман - во рамките на очекуваните параметри. Нејмар ќе го следи режимот на процесот за подготовка планиран од медицинскиот тим во Бразилскиот национален тим бидејќи состојбата на повредата се развива добро“. 

Се очекува Нејмар наскоро да му се стави на располагање на Анчелоти. Многу мала е веројатноста дека ќе може да биде стартер на првиот меч, но може да биде на клупата.

Бразил првиот натпревар го игра на 14. јуни на полноќ против Мароко.