Без разлика на епилогот, натпреварот меѓу Вардар и Кил засекогаш ќе остане најубавиот за една вљубена двојка. Причината е тоа што на паузата меѓу двете полувремиња момчето ја побара девојката за жена.

На големиот видео-бим на средина од салата се појави напишано

„Ирена, дали ќе се омажиш за мене - Владимир“

Девојката прифати, па се создаде општа еуфорија во салата, а добија честитки и од официјалниот спикер.

Нека им е со среќа.