Во Келн не е жешко само времето, туку и атмосферата. Пред „Ланксес арена“ веќе има „журка“ со навивачи во различни бои, а меѓу нив, се разбира - црвено-црни. Имаше и една група особено колоритна, „банда“ маскирана како нинџа-желки. И кој да се здружи со нив, ако не вардаровите фанови. Се нашле, виделе дека си одговараат, па со некое пивце ги чекаат возбудувањата на терен. Нинџа-желките се Германци, дошле исклучиво за забава, па денеска и тие се вардарови фанови.

Од Келн, ВЛАДКО АРСОВ

Фотографии: РОБЕРТ АТАНАСОВСКИ