Вардар во друг термин ќе го почне „Лабин Купот“ во Хрватска поради ЕП

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар доби нов термин за првиот натпревар на „Лабин Купот“ поради дуелот меѓу Хрватска и Германија на Европското првенство (ЕП).

„Црвенио-црните“ ќе го играат првиот меч на турнирот во Хрватска во термин од 20 часот во СЦ „Франко Милета“ против Слован.

Првиот натпревар на турнирот е закажан меѓу Загреб и Сесвете од 16 часот, по што ќе се следи средбата меѓу Хрватска и Германија, а на крајот се игра мечот меѓу Вардар и Слован.

Натпреварот може да се гледа на овој ЛИНК.