Голманот на Струга си постигна комичен автогол во Анталија (ВИДЕО)
Македонската екипа водеше со 1-0 против узбекистанскиот тим сè до 87. минута кога Анџелети реагираше катастрофално и ја испрати топката во сопствената мрежа за конечни 1-1.
Анџелети досега бранеше на 15 натпревари во Првата лига, а притоа прими седум голови, а дури девет пати ја сочува мрежата.