Вардар не се плаши од коронавурусот - против Монпелје со гледачи!

Од РК Вардар реагираа откако владата даде препорака за празни трибини за време на претстојните спортски настани. Ги известија своите симпатизери дека утрешниот меч против Монпелје ќе се игра со гледачи.

ткако владата денеска на итна седница донесе одлука и препорача спортските натпревари во следната недела да се одвиваат без присуство на публика, РК Вардар беше први кој се одзваа на таа препорака - негативно.

Натпреварот со Монпелје се игра утре од 17.30 минути, има веќе продадени билети, а да не зборуваме и за сезонските, кои достигнаа рекорден број од околу 4.000, затоа од Вардар објаснуваат дека нема време да се реагира.

„Ги известуваме сите што купиле билети за натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите меѓу екипите на Вардар и на Монпелје, закажан за сабота (29 февруари 2020 година) во СЦ „Јане Сандански", дека мечот ЌЕ СЕ ИГРА СО ПРИСУСТВО НА ПУБЛИКА. Одлуката е донесена пред се поради краткиот период за било каква промена, а со оглед на тоа што станува збор за меѓународна средба која е одамна закажана, а и екипата на Монпелје е веќе пристигната во Скопје. Препорака е да не се водат мали деца на натпреварот“, велат од РК Вардар.

За разлика од евро-настапот на ракометниот шампион на Македонија, Фудбалската и кошаркарската федерација ја послушаа препораката на владата и донесоа одлука натпреварите во престојниот викенд да се играат пред празни трибини.