Вардар ќе игра директно во групната фаза во Европската лига

Поранешниот македонски и европски шампион Вардар во новата сезона ќе добие директно место во групната фаза од Европската лига, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) претходно ги подели „вајлд-карите“ за настап во Лигата на шампиони (ЛШ), а една од нив му припадна на Пелистер.

Македонија требаше да има два тима во Европската лига, но поради тоа што Пелистер доби право на настап во ЛШ, тоа значи дека Вардар ќе биде претставник на нашата држава во групната фаза од Европската лига.

Алкалоид треба да игра квалификации за второт најсилно европско натпреварување, додека Охрид и Тиквеш најверојатно ќе играат во Европскиот куп, но за тоа се чека дополнителна потврда од ЕХФ.