Трагедија на ЕП на плажа: Руска ракометарка се удави во езеро

Голема трагедија се случи на крајот на Европското првенство (ЕП) во ракомет на плажа, откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека руската ракометарка Екатерна Королева се удавила.

Оваа 20-годишна ракометарка починала синоќа, откако заминала на пливање на езеро во близина на терените за ракомет.

Ракометарката беше член на руската репрезентација, која заврши на деветтото место на ЕП.