Стоилов: Веспрем е тежок противник, но ние сме подготвени!

Вардар во следното коло од Лигата на шампиони во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Веспрем, еден од главните ривали за втората позиција во групата, а од таборот на „црвено-црните“ најавија дека се подготвени за пресметката.

Веспрем ќе биде тежок противник за „црвено-црните“, но тие се подготвени за дуелот и очекуваат победа, а тоа го најави капитенот Стојанче Стоилов.

„Успеавме да славиме против Рајн-Некар на гости, но тоа не мора да значи ништо. Веспрем игра одлично, а ние сме подготвени, па очекуваме тешка пресметка“, вели Стоилов.

Тренерот на Вардарци, Роберто Гарсија Парондо, кажа дека Веспрем е тежок ривал, па затоа мора да одиграат добро од почетокот до крајот на средбата.

„Веспрем е еден од најтешките ривали и имаат квалитетен состав со голем потенцијал. Поради тоа ќе мора да се фокусираме и да играме подобро во текот на целиот натпревар“, кажа Парондо.