Словенија добро почна против Шведска - лошо заврши!

Словенечката ракометна репрезентација го доживеа првиот пораз на Европското првенство откако загуби од Шведска со 31-35 иако имаше добар старт на мечот.

Словенците имаа стартно водство од 4-1, во првиот дел неколкупати водеа со три разлика, а на одморот заминаа со предност од 15-13.

Но, работите се променија на стартот од вториот дел, Шведска тргна фуриозно со серија од 4-0 и направи два гола предност. Водството го зголемија до крајот на мечот и победија со 35-31.

Најдобар кај Швеѓаните беше Сандел со седум голови, кај Словенците Макуч постигна осум погодоци.