Шундовски по речиси година ипол ја напушти Констанца (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор Звонко Шундовски по една година и пет месеци го напушта кормилото на Доброгеа Суд Констанца.

Романскиот тим на социјалните мрежи ја потврди информацијата дека спогодбено го раскинале договорот со Шундовски и му се заблагодари за успесите со клубот.

„Сакаме да објавиме дека Звонко Шундовски повеќе нема да биде тренер. За една година и пет месеци соработка имавме прекрасни моменти со него и му се заблагодаруваме за успесите. Исто така му честитаме за тоа што го направи во ракометот. Разделбата со Звонко беше на пријателски начин и му посакуваме многу среќа“, порачаа од Доброгеа Суд Констанца.