„Шпаркасе Арена“ падна во очај: Македа од аут обезбеди голема победа за Вардар (ВИДЕО)

Вардар направи еден чекор поблизу до Келн за да ја брани европската титула. Не делуваше во второто полувреме дека црвено-црните ќе победат, ама во послендите 30 секунди успеаа до сва гола од пораз, да стигнат до – победа. Им помогнаа и ѕвездите на Кил, кои последниот напад го одиграа почетнички и ја фрлија топката во аут. А, на Хорхе Македа не му беше тешко, празната мрежа да ја погоди речиси од својот гол за да донесе огромна радост за вардарци. Скопје за една недела ќе гори, за Вардар вторпат да оди во Келн.