Сензација во Германија: Порто го „скроти“ страшниот Кил

Порто го направи најголемото изненадување во Лигата на шампиони, откако во Германија славеше против Кил со 28-27 и направи вистинска каша-попара во групата каде што е и нашиот првак Вардар. 

Португалците беа аутсајдери во мечот, па многумина ги отпишаа уште пред да почне средбата, сепак Порто собра сила за да ги замолчи сите и да покаже дека не победуваат секогаш фаворитите.

Кил во второто полувреме делуваше дека може да слави, откако водеше со 20-16, но потоа следеше серија од 4-0 на Порто за 20-20.

Порто во последниот напад успеа да го шокира германскиот гигант и пред нивната публика да ги остави со празни раце.

Во групата Кил сè уште е лидер со 11 бодови, додека Вардар и Монпелје имаат по девет бод.