Се местат работите за Вардар - ПСЖ во осминафиналето во ЛШ!

Алборг успеа да слави против Целје со 28-24 во 12. коло од групната фаза во Лигата на шампиони и го скокна Фленсбург на четвртата позиција на табелата, додека ПСЖ загуби од Пик Сегед со 29-32, па веќе европскиот шампион Вардар може да мисли на некоја варијанта за противник во осминафиналето.

Домаќините имаа добар старт на мечот со серија 4-0, по што Целје се обиде да се врати во игра, но не му успеваше, а предноста на Алборг во еден момент достигна и шест гола (11-5), сепак на полувреме заминаа со 13-9. Во второто полувреме нешто сличен старт како во првиот дел, па Целје се доближи на еден гол негатива во финишот (23-24), но немаше сила за изненадување.

На вториот меч денеска ПСЖ стартуваше одлично на гостувањето кај Пик Сегед, па на половина од првото полувреме имаше предност од 12-9, кое остана до крајот на првиот дел (18-15). Парижаните имаа и шест гола предност (21-15), но потоа следеше одлична серија на домаќините од 5-0 и намалување на 21-22. По што се играше гол за гол, а во драматичен финиш успеа да слави Пик Сегед со 32-29.

Вардар во моментов се наоѓа на петтата позиција во групата Б, но доколку загуби во следното коло од Порто, тогаш ќе падне на шестото место и така ќе биде на едно коло од дуел против ПСЖ, доколку тие ја освојат третата позиција во групата А на која се наоѓаат во моментов. Според пропозициите шестото место од групата во осминафиналето вкрстува со третото од групата А, додека петтото со четвртото од соседната група. Тоа значи дека, како што стојат сега работите, опции за Вардар во осминафиналето се Алборг, ако остане петти и ПСЖ или Пик Сегед, ако падне на шестото место.

Табела

Група А       

Барселона     22
Пик Сегед      20
ПСЖ              18
Алборг           13
Фленсбург      11
Целје                6
Елверум           3
ППД Загреб     3

Група Б

Кил                   20
Веспрем          16
Монпелје         15
Виве Кјелце     14
Вардар             11
Порто               10
Мешков Брест   6
Мотор                 4