Ристовска избрана за најдобро десно крило во Купот на Русија

ЦСКА Москва славеше во финалето на Купот на Русија против Ростов со 30-29, а македонската репрезентативка Сара Ристовска одигра одличен наптревар.

Ристовска во финалето беше една од најдобрите на теренот и постигна четири голови, а притоа доби и големо признание, односно беше прогласена за најдобро десно крило во рускиот Куп.

Ова е трета титула во Купот на Русија за екипата на македонската ракометарка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ПГК ЦСКА (@whccska)