Ричардсон избран за МВП на завршниот турнир во ЛШ

Барселона се врати на европскиот трон откако славеше против Алборг со 31-30 во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), а ракометарот на каталонскиот тим Мелвин Ричардсон беше избран за МВП.

Ричардсон беше неверојатен на завршниот турнир во Келн, а посебно импресивен во финалето во кое постигна осум голови против Алборг.