Раул и ПСЖ приземјени во Барселона: Прв пораз на парижаните во ЛШ

Барселона го совлада ПСЖ со 36-32 во рамки на 5.коло во групата А во Лигата на шампиони. 

За францускиот првак ова беше прв сезонски пораз во елитата по четирите стартни победи во оваа конкуренција. Каталонците водеа од средината на првото полувреме до самиот крај. На паузата заминаа со 19-15, а во вториот дел комплетно доминираа па стигнаа и до највисока предност од +8 или 30-22. Во финишот домашниот тим малку попушти, па тимот на Раул Гонзалес се избори за нешто попристоен прв пораз или конечни 36-32.

 Алеиш Гомез постигна осум гола за Барселона, додека Дика Мем шест.  Кај ПСЖ доминираа пикерите, па Лука Карабатиќ реализираше осум погодоци, а Камил Шипшак пет.