Радивојевиќ: Се надевам сезонава ќе освоиме некој бод во ЛШ

Македонскиот шампион, Пелистер утре ќе ја започне новата сезона во Лигата на шампионите и тоа со гостување во Париз.

Ракометарот Богдан Радивојевиќ верува дека можат да се прикажат во подобро светло во најелитното европско натпреварување во однос на минатата сезона.

„Се радуваме што и оваа сезона ќе играме со најдобрите екипи во светот. Се надеваме на подобра сезона од претходната, верувам ќе освоивме бодови, посебно на домашен терен. Кога во прашање е гостувањето во Париз, сите знаеме за каква екипа се работи, но не одиме таму да изгубиме, ќе одиме да се бориме и ќе видиме што ќе се случи. Минатата сезона во многу натпревари игравме добро, но на крајот бевме поразени. Се надевам сезонава ќе освоиме некој бод, па може да играме и полошо. Се спремаме, тренираме и се надеваме на најдоброто“, изјави Радивојевиќ.

Пелистер во минатата сезона беше поразен на сите 14 натпревари во групната фаза.