„ППД Загреб не е виновен што Вардар нема да игра во ЛШ!“

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги подели вајлд-картите за тимовите кои ќе учествуваат следната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), а една од екипите која доби покана е ППД Загреб.

Хрватскиот гигант ќе игра во групната фаза на ЛШ, а директорот Ведран Шупуковиќ кажа дека е задоволен поради поканата, но смета дека ППД Загреб не е виновен што Вардар нема да игра во елитното натпреварување.

„ППД Загреб не го доби своето место во ЛШ поради тоа што Вардар е исфрлен, нашиот статус нема никаква врска со нивната ситуација. Сакам да кажам дека ракометниот клуб ППД Загреб беше трет на евалуацијата на ЕХФ од можните 13 екипи кои се пријавија за повикот. Оваа година имаме дури пет земји со по два претставници. Мислам дека заслужено ќе играме во ЛШ и верувам дека ќе бидеме дел од натпреварувањето и во иднина“, кажа директорот на хрватскиот тим.

Вардар 1961 претходно беше исфрлен од ЕХФ поради долговите направени од претходното раководство на клубот.