ЕХФ ги подели вајлд-картите за ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги подели вајлд-картите и ги објави учесниците во новата сезона од елитната Лига на шампиони, откако претходно поранешниот европски шампион Вардар беше исфрлен од натпреварувањето.

Вајлд-карти беа поделени за седум екипи, а тоа се ППД Загреб, Целје, Алборг, Нант, Веспрем, Елверум и Висла Плоцк.

Директно место во ЛШ претходно имаа загарантирано Барселона, ПСЖ, Магдебург, ГОГ, Кјелце, Порто, Кил и Динамо Букурешт.

Ждрепката за групната фаза во ЛШ ќе се одржи на 1 јули.