Познати судиите за полуфиналето Вардар – Барселона

ЕХФ ги одреди судиите за Ф4 турнирот во Келн. На нашиот Вардар во полуфиналето со Барселона ќе му судат летонските судии Зигмар Сондор и Ренар Лицис.

Фајнал форот како и минатите сезони се игра во Келн на први и втори јуни. Средбата Вардар- Барселона ќе се игра од 18 часот, а победникот од овој дуел ќе се сретне со подобриот од дуелот Веспрем – Кјелце кој е на програмата од 15 часот.