Познат составот на Вардар: Чупиќ доби две засилувања за мечот со Висла!

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Висла Плоцк во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ), а веќе се познати и составите за натпреварот.

Тренерот Иван Чупиќ добива две засилувања за Висла Плоцк, односно во екипата ќе бидат Милан Лазаревски и Жоао Педро Да Силва, кои не настапија против Нант и Мелсунген.

Натпреварот меѓу Вардар и Висла Плоцк се игра вечерва од 20.45 часот во салата „Јане Сандански“.