Пелистер и Бутел ги дознаа потенцијалните ривали за второто коло во Купот на ЕХФ

Македонските ракометни суперлигаши Пелистер и Бутел ги дознаа потенцијалните ривали за второто коло во Купот на ЕХФ, по ждрепката која се одржа денеска за второто по ранг натпреварување во европските ракометни купови.

Бутел кој ќе дебитира на европска сцена за противник го доби подобриот од двомечот во првото коло помеѓу Запорожје и Лондон, додека битолчани за противник ќе го имаат подобриот од дуелот на косовска Беса и швајцарски Винтертур.

Првите мечеви се закажани за 6 или 7 октомври, а реваншите една недела подоцна. Третиот македонски претставник Металург ќе игра директно од третото коло, па својот ривал ќе го добие дури на 15 октомври, откако ќе се комплетираат воведните две рунди.