Парондо: Викендов не беше лесен за никого, ама јас мислам само на Сегед!

Вардар има тешко задача ад го помине Пик Сегед во четвртфиналето во Лигата на шампионите и без турбуленциите кои го снајдоа во минатата недела. Сепак, тоа малку ја отежнува работата, иако тренерот Роберто Парондо вели дека фокусиран е само на Пик Сегед.

Тренерот на Вардар има двојна задача, да подготви игра за Пик Сегед, но и да ја мотивира екипата во моменти кога е резнишана и разочарана. Шпанецот вели дека се обидува да се „исклучи“ од сè и да мисли само на натпреварот.

„Фокусирани сме на натпреварот и тоа се. Сигурно дека минатиот викенд не беше добар за никого, но јас и играчите само размислуваме како да играме и како да го победиме Сегед. Мора да тргнеме сè зад нас и да мислиме на Сегед. Ова е четврт-финале и имаме само два натпревара шанса, тоа е се. Ако сакаме да одиме во Келн мора да ги победиме, а тие играат многу добро цела сезона. Сигурен сум дека и со нас ќе го пружат своето најдобро. Сепак ние се подготвуваме за нив. На сите натпревари се обидуваме да создадеме нешто, не ново, но посебно за тој противник. Ова не беше најлесна недела за работа, но се обидуваме да ја адаптираме играта за Пик Сегед“, изјави Парондо.

Вардар игра против Пик Сегед в четврток, во 20 часот, а реваншот во Унгарија е закажан за 5 мај.