Осми пораз за Порто: Девет одбрани на Митревски не беа доволни да го запрат ПСЖ

Порто го запиша осмиот пораз во Лигата на шампиони (ЛШ), откако португалскиот гигант загуби од француски ПСЖ со 33-35, иако македонскиот голман Никола Митревски запиша девет интервенции.

Екипата на Митревски делуваше дека конечно може да стигне до првата победа, откако направи серија од 5-0 и поведе со 8-3, меѓутоа парижаните ја стопија разликата на домаќинот, па дури успеаа и да направат пресврт (14-13).

Португалскиот тим на полувреме замина со водство од 17-16, но во вториот дел следеше одличен период за ПСЖ кој избега на пет разлика (29-24), по што немаше враќање за Порто.

Митревски одбрани девет од 35 удари кон неговиот гол, но тие не беа доволни за да се избегне осми пораз во групата А.

Магдебург во дербито против ГОГ славеше со 36-34 за петти триумф по девет одиграни меча.