Официјално: Ентрериос ќе го тренира Лазаров во Нант (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец и капитен, Кире Лазаров, доби нов тренер во француски Нант, откако на кормилото беше поставен Алберто Ентрериос.

Во борба за тренерската позиција во Нант беа многу стратези, но Ентрериос ја доби борбата, па по три години поминати како асистент на клупата на францускиот клуб, конечно седнува на кормилото.