Николов и Начевски ќе судат полуфинале на ЕП 2022

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе ја делат правдата на полуфиналето на Европското првенство помеѓу Данска и Шпанија, што се игра утре од 18 часот во Будимпешта, Унгарија. 

Нашите арбитри на континенталниот турнир досега судеа на четири натпревари, два од групната фаза и уште два во главната фаза. Прво ја делеа правдата на дуелот помеѓу Литванија и Словачка во Групата Ф, а потоа и на натпреварот помеѓу Полска  и Германија од Групата Д.

Во главната фаза судеа во Групата 1 на дуелите Данска - Холандија и Франција - Исланд.

ЕХФ одлучи големото финале на Европското првенство да го судат германските судии Роберт Шулце и Тобијас Тениес.