Најубедлива победа во историјата на Ф4: Барселона го сомле Алборг!

Барселона одигра страшен натпревар против Алборг во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) и успеа да слави со убедливи 36-23 за освојување на титулата по 10. пат во историјата.

Данскиот тим ги изненади Каталонците на почетокот на средбата, кога создаде предност од три гола (5-2), но потоа Барселона влезе во серија од 7-0 и поведе со 9-5, по што без многу проблеми со паузата зголеми на плус пет (16-11).

Алборг немаше сила за никакво изненадување во второто полувреме, па по само неколку минути стана јасно дека титулата ќе им припадне на ракометарите на Барселона бидејќи нивното водство постојано растеше до конечни +13 (36-23).

Гомез Абљео беше најефикасен кај Барселона со девет погодоци, додека Сандел постигна осум гола за Алборг.