
Начевски и Николов денеска и официјално влегуваат во ракометната историја!
Со тоа, нашиот двоец ќе влезе во историјата на ракометот бидејќи ќе ги комплетира финалињата на сите големи ракометни натпреварувања. Претходно Начевски и Николов судеа финални дуели на европски и светски првенства во машка и женска конкуренција, па дури и на Олимписките игри во Токио што беше најголема чест за нив.
Денешниот меч меѓу Барселона и Алборг е реприза на финалето од пред три години кога славеше шпанскиот гигант со 36-23. Денеска Барса ќе се бори за 12., а Алборг за првата титула во Лигата на шампионите.