Митревски и Порто газат сѐ пред себе во Португалија

Македонскиот чувар на мрежата Никола Митревски заедно со Порто продолжи да гази во португалскиот шампионат, а вечерва го совладаа тимот на Виторија со 29-22.

Порто доминираше од првата минута на теренот и го доби првото полувреме со 15-7, а во вториот дел ја задржа разликата и на крајот запиша победа од 29-22.

По четири одиграни кола Порто има четири победи, исто колку што има и Спортинг.