Милосављев се збогува со Комити и се одјави со „Ја излези Ѓурѓо“ (ФОТО)
Милосављев дојде како анонимус, но брзо се наметна како еден од најдобрите голмани и стана миленик на вардаровата пиблика. Вчера плоштадот Македонија еруптираше кога Милосављев дојде до збор, а денеска после величенствениот дочек, српскиот голман емотивно на фејсбук се прости од најверните навивачи.
И тоа го направи со стиховите од песната „Ја излези Ѓурѓо“, која веќе од поодамна е една од хитовите на вардаровите навивачи.
„Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, ја излези Ѓурѓо на пенџере... Да ги видиш Ѓурѓо, да ги видиш сестро КОМИТИТЕ – Македонците“, напиша Милосављев.
Српскиот голман заминува во Фуксе Берлин со кој потпиша петгодишен договор.