Манасков блесна со 10 голови во победата на Веспрем

Веспрем славеше со убедливи 44-29 против Дабас, а на теренот блесна македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој постигна дури 10 голови за 40 минути поминати на теренот.

Унгарскиот гигант го реши прашањето за победникот уште во првото полувреме, кое им припадна со 25-15, по што со рутинска игра во вториот дел стигна до 44-29.

Со оваа победа екипата на Манасков се искачи на врвот и има 46 бодови по 24 одиграни меча, додека зад нив е Пик Сегед со еден бод помалку, но од 25 одиграни натпревари.