Македонија остана на седмо место во клупски ракомет во Европа

Одличните настапи на македонските екипи Вардар, Металург и Еурофарм Работник во европските купови придонесоа Македонија на клупско ниво да го задржи седмото место.

Според тоа Македонија останува со четири претставници во европските купови, меѓу кои еден има директен пласман во Лигата на шампиони (ЛШ), а три имаат во ЕХФ-купот.

Единствено повеќе места во куповите имаат Германија и Франција, кои имаат едно во ЛШ и четири во ЕХФ-купот.

За идната сезона од македонските екипи, во ЛШ ќе настапува повторно Вардар, додека во ЕХФ-купот свое место имаат Металург и Еурофарм Работник, а наскоро ќе биде познат и последниот патник во европското натпреварување.

Пласманот на државите и распределбата на местата за европските купови може да се погледне ТУКА.