Ковид-19 го нападна Нант: Уште еден одложен меч за Лазаров во ЛШ!

Нант утре од 20.45 часот требаше да се пресмета против Целје во рамки на ракометната Лига на шампиони (ЛШ), но екипата на македонскиот ракометар Кире Лазаров дефинитивно нема среќа.

На последните тестирања во понеделникот се појавиле два нови случаи на ковид-19, па поради тоа натпреварот мораше да се одложи.

ЕХФ го одложи мечот меѓу Нант и Целје, а засега не е одреден друг термин во кој би можел да биде одигран натпреварот.