Коронавирусот прави хаос во ЛШ: Барселона без таткото и синот Пасквал на гости кај Мотор!

По одложувањето на дуелот помеѓу ПИК Сегед и ПСЖ, поради големиот број позитивни на Ковид-19 во таборот на Унгарците, нов проблем во пресрет на стартот на Лигата на шампионите, кој нема да биде толку драстичен.

Последните тестови пред заминувањето во Украина, покажале еден позитивен во екипата на Барселона, левото крило Алекс Пасквал, што секако не би бил голем хендикеп за Каталонците. Но, проблемот е што негов татко е Чави Пасквал, тренерот на Барса, кој поради контакт со заразениот мора да остане во изолација.

Тој нема коронавирус, но поради контактот со позитивниот син, нема да може да го води својот тим на стартната пресметка од ЛШ против Мотор Запорожје, закажана за задутре (18.45 часот).